0 коментари 2 мин. читање 17 август, 2012

Сега Facebook вистински ќе ги брише вашите фотографии

Конечно Facebook ќе ги брише непожелните фотографии од профилите на корисниците, наместо само да ги скрие и да ги остави на серверите. За жал и сега ќе биде потребно долго време од притискањето на „избриши“ до реалното бришење на фотографијата. Поточно бришењето е „одложено“, а за одстранување на директните линкови до фотографиите понекогаш се потребни и 30 дена.

До сега, по вашето бришење на фотографијата и покрај тоа што беше одстранета од вашиот профил, албуми и слично, сепак URL-то т.е. линкот до фотографијата сè уште си функционираше бидејќи Facebook не ги бришеше фотографиите, туку тие остануваа на серверите. Сега навистина ќе бидат потребни 30 дена за бришење на URL-то кое води до сликата, а во најголем број од случаите пократко.

Ова се случува по излегувањето на друштвента мрежа на берза каде акциите на Facebook се во постојано опаѓање и моментално се на најниско ниво до сега. Сепак, без разлика дали е поради притисокот од јавноста или акционерите, ова е добар потег од друштвената мрежа да ја зголеми приватноста на корисниците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top