Section 13 е впечатлив наслов кој успешно ги комбинира елементите на научно-фантастичен трилер со интензивна twin-stick roguelite акција. Развиена од страна на Ocean Drive Studio и поддржана од Kakao Games, оваа игра ве принудува да се соочите со непознатото во длабочините на мистериозна подземна база, нудејќи искуство кое може да се искуси или индивидуално или во кооперативен режим со најмногу тројца учесници. По одреден период како дел од раниот пристап на Steam, играта конечно е спремна да излезе како 1.0 верзија. Дали финалниот продикт го заслужува вашето внимание?

Section 13 ве става во улога на оперативци на S2P Corporation, организација која специјализира во чување на доверливи информации. Кога во најстрого чуваниот објект на корпорацијата ќе избие необјаснива криза, мала група на агенти е испратена да ја истражи ситуацијата и да ги разоткрие причините за хаосот, поставувајќи ги темелите за релативно долго и впечатливо искуство полно со длабоки механики и акциони моменти.

Во Section 13 имате можност да изберете еден од четирите уникатни агенти. Секој од овие ликови носи сопствена позадинска приказна и лични енигми кои постепено се откриваат, збогатувајќи го наративното искуство додека играчите собираат податоци за паранормалните феномени кои ја имаат преземено контролата врз комплексот. Паралелно со ова, агентите имаат арсенал од уникатни оружја, алатки и способности кои воведуваат огромна свежина во зависност од тоа со кого играте.

Како што е карактеристично за roguelite жанрот, секоја експедиција во Section 13 претставува уникатен предизвик. Нивоата се генерираат процедурално, што значи дека распоредот на просториите, непријателите и ресурсите се менува при секое ново играње, осигурувајќи висока репетитивност. Опстанокот зависи од брзите рефлекси, стратешкото позиционирање и ефикасното користење на расположливиот арсенал. Поради тоа, принудени сте вешто да ги изведувате маневрите за избегнување, прецизно да го менаџирате репетирањето на оружјето и паметно да ги активирате специјалните способности на вашиот агент. Во ситуации кога огнената моќ не е доволна, блиската борба станува неопходност.

Иновативен елемент во играта е системот на поврзан со стравот кој го чувствувате. Акумулацијата на страв кај агентот може да доведе до дестабилизирачки панични напади за време на мисијата, што додава дополнителен слој на психолошка тензија. За да се спротивставите на растечките закани, имате пристап до широк спектар на оружја. За овие алатки на деструкција може да се отклучуваат и модифицираат синаптички подобрувања кои нудат значајни предности во играта, како и можност за експериментирање со генетски модификации. Иако ваквите модификации даваат одредени значајни предности, не е се така сјајно и треба да внимавате и на потенцијални непредвидливи последици. Помеѓу сите ранови, отклучувате трајни надградби, кои суштински го менуваат пристапот кон играта и ги зголемуваат шансите за успех во идните мисии.
Како што напоменавме, Section 13 ви овозможува да изберете дали ќе се соочувате со ужасите на комплексот сами, или ќе ги здружите силите со други играчи во кооперативен режим. За дополнителен предизвик и доза на непредвидливост, постои опција за активирање на „пријателски оган“, што може да ги направи кооперативните сесии или значително потешки или пак извор на хаотична забава, особено при користење на помоќните и понестабилни оружја.


Section 13 претставува успешен спој на интензивна акција, интригантна приказна и предизвикувачки roguelite елементи, кои заедно создаваат искуство кое долго ќе ве држи на работ од вашите седишта.







