Се враќа ли Apple на дизајнирањето на поинаков компјутер?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Изгледот на компјутерите одамна немал некаква влијателна или значителна промена. Секако дека постоеја какви, такви обиди за креирање на поинаков изглед, но дури и Apple компанијата која во минатото знаеше експериментира со дизајнот одамна нема никаква промена.

Ова можеби ќе се промени во иднина, а еден потенцијален показател за ова е патентот кој Apple го поднесе до бирото за патенти. Секако ова не значи дека овој уред наскоро, па и било кога ќе биде произведен. Сепак барем е интересно да се види дека работата на нови дизајни можеби е забавена, но не застанала.

Патентот е за компјутер во едно куќиште во кој сè е сместено во едно тело. На долниот дел се наоѓа тастатурата и два тачпади, а поголемата исправена содржина е за екранот. Куќиштето е направено од еден дел искривено стакло, во задниот потпирач може да биде сместен и процесорот и останатите компоненти. На еден од дијаграмите се гледа и можност овој уред да се искористи како iMac док за MacBook. Лаптопот би можел да се спои со овој уред преку процеп на лакот каде се превиткува уредот. Со ова патентот би овозможил некаков хибрид помеѓу лаптоп и десктоп.

Дали и колку е веројатно овој уред скоро, па и било кога да го видиме на „излозите“ е тешко да се процени. Apple во минатото имаше неколку експерименти со дизајните, но тие често завршуваа неславно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk