Во осумдесеттите години, гејмерските носталгичари дефинитивно ја паметат војната помеѓу Commodore 64 и ZX Spectum. Некаде помеѓу хаосот на сево ова, Amstrad CPC 464 сепак успева да се издигне како интересна алтернатива, барем за тогашниот период. Во случај да некогаш сте биле сопственик на тој компјутер, тогаш ќе ви биде мило да прочитате дека Џејсон Скот има овозможено играње и тестирање на еден куп игри во CPC емулатор.
За да го започнете вашето носталгично патување во осумдесеттите и, можеби, раните деведесетти, посетете ja Internet Archive и, директно од вашиот прелистувач, проверете бројни демо верзии, компилации и програми. Дефинитивно не пропуштајте ја можноста да заиграте Robocop, Switchblade, како и Fantasy World Dizzy.