NEXT Extended Skopje’ и воедно првиот настан на Google Developers Group го отвори Кајл Паул, менаџер на програмата на Google екосистеми, поздравувајќи ја македонската програмерска заедница:
“ Ние во Google, оваа заедница наречена Google Developers Group ја започнавме со цел да понудиме спектар на настани и работилници кои што ќе бидат од практична и едукативна корист за девелоперите на сите локални заедници кои што ги поддржуваме. Вие во Скопје сте дел од тоа сега, и ви посакуваме успешна работа и соработка.”
Организаторите најавија дека заедницата ќе работи независно и волонтерски, и дека е отворена да поддржи иницијативи и да оствари соработка со компании, организации и индивидуалци. Моменталните опции за да се приклучите на оваа група е како волонтер, поддржувач, спонзор, developer advocate или како учесник, а вашиот интерес може да го проследите на нивната емаил адреса.
На настанот се зборуваше за презентацијата за машинско учење за мобилни девелопери од Google Cloud конференцијата која што се случи во Април оваа година. Истата беше проследена со воедно најинспиративниот дел од настанот, сесијата на Симона и Давид од тимот Pendilibrium на Web Factory. Тие го пренесоа своето искуство во машинско учење и како стигнаа до сребрен медал и до најдобрите 2% на еден од натпреварите на Kaggle. Дадоа посебен фокус на бенефициите од вклученоста на девелопери и ентузијасти за data science во заедницата на Kaggle, како опција за надоградување на нивните знаења.
Организаторите се надеваат дека ќе потикнат поголема промоција на активностите и достигнувањата на професионалци и компании од Македонија, но и градење на клучни вештини на учесниците кои што ќе им се приклучат.
За да бидете во тек за наредните настани, следете ги на meetup.