Steep, играта за зимски спортови во отворен свет, е бесплатна до 21 мај. Ubisoft ви дозволува да ја зграпчите играта од нивниот клиент uPlay.
Steep излезе на 2 декември 2016 година и за брзо време најде соодветна публика. Играта беше позитивно прифатена и од поголемиот број видни критичари и ужива metacscore од 72 поени. Како што напоменавме, Steep е игра сместена во отворен свет, со силни онлајн компоненти и интересни гејмплеј механики за екстремно спортување. Тимот Ubisoft Annecy им дозволува на играчите слободно да ги истражуваат Алпите и Деналите и да бидат дел од најразлични спортски активности во исто време. Па така доколку не внимавате, можете да удрите во некој друг играч, кој е дел од некоја друга спортска активност која се одвива паралелно со вашата и со бројни други.
Steep може да се игра и од перспектива од прво лице и од трето, а за пофалба е таканаречениот Trick System каде можете да изведувате најразлични трикови. Со секој успешно изведен трик добивате поени. Доколку покажете одлични рефлекси и снаодливост во некој од шесте уникатни режими ќе можете и да освоите медали. Оние кои се повеќе по приказна нема да останат со празни раце затоа што Steep има и интересна нелинеарна приказна која го следи патешествието на претходно избраниот лик.







