Сè што треба да знаете за Xbox Game Pass

Што е Xbox Game Pass?

Xbox Game Pass е претплатнички сервис на Microsoft кој ви дозволува, на одредено време, да играте која било игра од тие што се на понуда. Во случај да се претплатите на еден месец, можете без какви било ограничувања да играте над стотици интересни наслови, преку Xbox One, или преку компјутер. Штом ви истече претплатата, преземените игри не можете да ги играте сè додека не решите повторно да се претплатите.

Колку чини Xbox Game Pass?

Xbox Game Pass доаѓа во три форми: Xbox Game Pass Ultimate, Xbox Game Pass PC и Xbox Game Pass Console.

Како најскапата форма, Xbox Game Pass Ultimate е комплетен пакет од Xbox Live Gold и Xbox Pass за PC. За цена од 15 долари месечно, добивате пристап до бројни игри за вашата Xbox конзола, како и над стотици наслови за играње преку вашиот компјутер, паралелно со бројни попусти и интересни зделки.

Xbox Game Pass PC е претплата за PC гејмерите која ќе чини 10 долари, но моментно се нуди за пет долари месечно. Ова е претплата од исклучително висока вредност затоа што ни дозволи да играме феноменални наслови уште на првиот ден од нивното излегување. На ниеден друг начин не можевме да ја продолжиме приказната со Кејт во Gears 5, да го провериме најновото чедо на Obsidian, или да ја искусиме Age of Empires II во целата нејзина ревитализирана слава.

Xbox Game Pass Console чини 10 долари месечно и, на сличен начин како претходната претплата, нуди неограничен пристап на над стотици наслови, но за конзолата на Microsoft.

Може ли да се претплатите на Xbox Game Pass во Македонија?

Технички, да. Македонија не е држава која може да користи Xbox Game Pass. Поради тоа, потребно е мало заобиколување на оваа ограничување. Прво, во вашиот компјутер, потребно е да ја смените областа. Кликнете на старт, напишете region и изберете Region Setting. Од ново-отворениот прозорец, одберете областа да биде United States. Откако ова го средивте, потребно е да ги засукате ракавите и да пробате да купите клуч со претплата за еден месец, или три месеци. За жал, со вашата картичка нема да можете директно да се претплатите на услугата, но без проблем може да активирате клуч кој сте го купиле од некој, пак, за жал, неовластен продавач, како cdkeys, или gamivo.

Зошто да се претплатите на Xbox Game Pass?

За исклучително малку пари, можете да се втурнете во огромен број квалитетни наслови. Покрај игрите кои ги спомнавме погоре, на располагање ги имате и Vampyr, Forza Horizon 4, Sea of Thieves, Metro Exodus, и многу повеќе!

На неодамнешниот X019, се дозна дека при крајот на оваа година и почетокот на наредната, Xbox Game Pass ќе ги отвори портите на уште 50 игри.

Игри кои излегоа минатата недела:

Age of Empires II: Definitive Edition (PC)
Age of Wonders: Planetfall (конзола)
Hearts of Iron IV: Cadet Edition (PC)
Lego: The Ninjago Movie Videogame (конзола)
Rage 2 (конзола)
Remnant: From the Ashes (конзола)
The Talos Principle (конзола и PC)
Tracks: The Train Set Game (конзола и PC)

Игри кои ќе излезат набргу (декември – јануари):

Carrion (console & PC) – ID@Xbox
Cris Tales (console & PC) – ID@Xbox
Cyber Shadow (console & PC)
Darksiders III (console & PC)
Double Kick Heroes (console & PC) – ID@Xbox
Edge of Eternity (console & PC) – ID@Xbox
Final Fantasy franchise (console & PC)
Final Fantasy VII
Final Fantasy VIII: Remastered
Final Fantasy IX
Final Fantasy X: HD Remastered
Final Fantasy X-2: HD Remastered
Final Fantasy XII: The Zodiac Age
Final Fantasy XIII o Final Fantasy XIII-2
Lightning Returns: Final Fantasy XIII
Final Fantasy XV
Forager (console & PC) – ID@Xbox
Haven (console & PC) – ID@Xbox
It Lurks Below (console & PC) – ID@Xbox
Kingdom Hearts series
Levelhead (console & PC) – ID@Xbox
Life Is Strange 2: Episodes 4 & 5 (console)
My Friend Pedro (console/PC)
PHOGS console & PC) – ID@Xbox
She Dreams Elsewhere (console & PC) – ID@Xbox
SkateBIRD (console & PC) – ID@Xbox
Streets of Rage 4 (console & PC) – ID@Xbox
Scourge Bringer (console & PC) – ID@Xbox
Supraland (console) – ID@Xbox
Tekken 7 (console)
Touhou Luna Nights (console & PC) – ID@Xbox
The Escapists 2 (console)
The Red Lantern (console) – ID@Xbox
The Red Strings Club (PC)
The Witcher 3: Wild Hunt (console)
Vambrace: Cold Soul (console & PC)
West of Dead (console & PC)
Yakuza 0
Yakuza Kiwami
Yakuza Kiwami 2
Strange Brigade (console)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
7 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] за Xbox Game Pass, прочитајте го нашиот текст на таа тема тука! A, во случај да сеуште не се ја купиле најновата […]

Ilija Trajkovski
Ilija Trajkovski
11 months ago

Купив ваучер од 1 месец за Game Pass и сеште ми бара да се претпалатам со картичка и бидејќи е од USA акаунтот, адресата не може да помине

Pouqwo
Pouqwo
2 years ago

Дали ќе може да играм multiplayer на овој начин?

trackback

[…] во Македонија. За предностите пишувавме нашироко тука. Македоците без проблем можат да уживаат во Game Pass Ultimate […]

trackback

[…] Во случај да сакате подобро да се запознаете со предностите на Xbox Game Pass, напишавме детален текст тука! […]

trackback

[…] се чини дека се содржи во услугата PlayStation Now. Слично на Xbox Game Pass, PlayStation Now e претплатничи модел каде имате на […]

ит кариера

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп

Оглас за вработување на ORACLE DBA

Matrix Global

QA Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk