Спонзориран текст

Се одржа Ендава Tech Flow, настан посветен на DevOps и автоматизирано тестирање

Спонзорирано од Endava

во ИТ.МК, Спонзорирани

Овогодинешниот Tech Flow настан, организиран од „Ендава“, беше со тема „To Automation and Beyond“. Овој настан привлече многу внимание во ИТ заедницата бидејќи обработи тема која моментално е многу актуелна во ИТ индустријата, а посебно во Македонија.

Тоа што денска најмногу се бара е брза испорака на софтвер, постојано подобрена преку агилниот начин на работа и прилагодување според најновите трендови.

За да се постигне брза испорака на софтвер, потребнo е автоматизирање на повеќе процеси, а уште повеќе и интегрирање на најдобрите DevOps практики при испорака на квалитетни и одржливи софтверски решенија. Користењето на ефективен DevOps процес и автоматизација се важен дел од современите практики за развој на софтвер.

Главниот говор на овој Tech Flow го одржаа Еоин Вудс, главен технички директор во „Ендава“  и Едвард Батлер, потпретседател за DevOps трансформација во „Ендава“.

„Навистина со нетрпение го очекувавме TechFlow во Скопје. DevOps веќе некое време е главен збор, кој создава конфузија за тоа дали се однесува на континуирана испорака и дали станува збор само за „алатка“ или нешто пошироко. Сепак, сега им станува јасно на модерните организации дека DevOps подразбира култура и начин на работа во организацијата. Настапува онаму каде што престанува агилното размислување (откако ќе се произведе кодот) и применува слични принципи во процесот на доведување на софтверот до фаза на продукција користејќи го тоа оперативно искуство како основа за учење. Секако, важна е и технологијата за автоматизација. Значи, во Ендава го користиме терминот „DevOps“ за да се осврнеме на начините на работа и „континуирана испорака“. Истовремено го истакнуваме значењето на автоматизацијата која овозможува DevOps да стане реалност.  Во нашиот разговор објаснивме зошто го правиме тоа, што значи за нас DevOps и како работевме со некои наши клиенти за спроведување на DevOps во нивните организации. – изјавија Еоин и Едвард за нивната тема.

Виктор Сушелски, сениор тестер во „Ендава“, се фокусираше на тоа како да се поедностави процесот на автоматизирано тестирање.

 „Оваа презентација се фокусира на проблемите и предизвиците поврзани со креирање рамка за автоматизирано тестирање. Идејата е да се забрза и автоматизира процесот со цел да се намали комплексноста и времето потребно за создавање на ваков Framework, преку користење на архетипови и композиција од конфигурирани модули.“ – истакна Виктор.

За самиот процес на DevOps и корисноста на Kubernetes зборуваше Киро Велковски, сениор DevOps инженер во „Ендава“ кој истакна дека „денешните алатки овозможуваат брза изградба на пајплајни и инфраструктура, брзо клонирање и промени. И сето тоа со инфраструктура како код и примена на Kubernetes со јасни придобивки за клиентот. “

Tech Flow е серија на настани организирани од „Ендава“ кои обработуваат актуелни теми во ИТ индустријата и се отворени за целата ИТ заедница во Македонија. Во наредниот период планирани се уште вакви настани каде целта е нетворкинг, пренесување на знаења и искуства од професионалци кои се развиваат и работат во одредена област.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Endava . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]