General-Electrics ги претстави новите ултра-тенки кулери кои пред се ќе се користат за разладување во уредите каде големината е од пресудно значење, што во најголем број случаи значи таблет или лаптоп компјутери. Технологијата употребена во новите кулери е наречена „двојнo-пизоелeктрично воздушно ладење“, што всушност е две тенки паралелно поставени плочки на кој се поставени пиезо дискови. Плочките „контрахираат“ собирајќи воздух од страните и го испуштаат низ центарот.
„Во суштина ја копиравме природата, кулерот е базиран врз основа на белите дробови, тие се собираат и се шират и поради тоа го вшмукуваат воздухот низ носот и го испуштаме низ устата.“, објаснува Др. Сејед Садоги, главниот инженер на проектот.
Новите кулери заедно со ладилникот ќе бидат тенки само 4mm со што ќе заземаат само половина од просторот кој го заземат сега. Ова се должи на отстранувањето на класичниот вентилатор од системот за ладење и негова замена со „пиезо-моторот“. Ефект од ова би можело да биде понатамошно намалување на дебелината на таблет компјутерите, но и искориствање на ослободениот простор на друг начин.
Развивачкиот тим предлага и користење на поголем број на вака изработени кулери кои би можеле да се распределат на потребните места, исфрлајќи го ладилникот и овозможувајќи поефикасно ладење. Ваквото ладење ќе биде бесшумно, и тоа до степен што корисниците на лаптопите и таблет компјутерите нема да знаат дека работи.
GE веќе и додели лиценца за изработка на кулерите на јапонската компанија, Fujikurа, јавува Extreme Tech. Покрај ова компанијата им испрати и прототипи на неколку производители кои би можеле да ги пробаат во своите таблет и лаптоп компјутери.
cool