Google ги спаси корисниците на iPhone. Наместо ужасните Apple Maps, за кои Тим Кук мораше да се извини и кои беа опишани како „опасни за живот“, корисниците сега ќе можат да си ги симнат Google Maps за iPhone. Мапите на Google ќе им користат на корисниците, но не и на Apple кој е под силен притисок да понуди свои квалитетни мапи, или ќе мора да плати за користење на Google Maps како што го правеше тоа до обновата на iOS 6.
Google Mаps за iPhone ги враќаат квалитетните векторски мапи со, како што вели Google, над 80 милиони точки од интерес и локации на бизниси. Како што се очекуваше, апликацијата има гласовен водич низ улиците, информации за како да се користи јавниот сообраќај во поглемите градови, и Street View за прегледување на панорами и внатрешност на 100.000 бизниси. Google Maps се достапни во 40 земји на 29 јазици, a наскоро би требало да се појават и на македонската iTunes проданица.
Интересно, според аналитичарoт на Gartner, Каролина Миланеси, Apple не изгуби ништо во продажбата на паметните телефони како резултат на лошите мапи, бидејќи нивните корисници се лојални и до сега покажаа дека ќе трпат недостатоци на платформата.
[youtube]KEz1sSKCpIc[/youtube]
Ova go nema na makedonskata prodavnica vo itunes
Би требало да се појави наскоро.