ЕУ ја прифати спогодбата на Аpple и издавачите на е-книги

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Европската Комисија се договори со  Apple, Simon & Schuster, HarperCollins, Hachette Livre и Verlagsgruppe Georg von Holtzbrinck, околу истрагата на Европската комисија за договарање на цените на е-книгите. Дел од мерките на кои се обврзаа издавачите е отстранување на агенциските модели и исфрлање на клаузулата за „најповластена-нација“ во период од две години. Издавачите ќе можат да понудат попусти кои ќе бидат еднакви на провизијата кои ги добива издавачот во период од една година.

Најјпроблематичен дел на договорот е ставката „most-favored-nation“ која Apple ја имал со четирите издавачи. „Клаузулата за малопродажната цена ‘најповластена нација’ (MFN) значи дека договорениот продавач/агент има право да понуди пониска цена за одредена е-книга од друг продавач, без оглед на тоа дали таа работи со трговија на големо или агенциски модел.“, стои во договорот, што според Европската Комисија доведува до истиснување на помалите издавачи од пазарот, бидејќи издавачите можат да ги истиснат со намалување на профитот.

Комисијата за заштита од монопол на крајот на 2011 започна да ја испитува работата на Apple  и четири други издавачи, поради сомневање за здружување и манипулирање со пазарот на електронски книги. Тогашната најава беше за максимална казна од 10 отсто од вкупната заработка поради монопол на пазарот.

Очекувањата се дека од ова решение најмногу ќе профитира Amazon кој во следните две години, ќе може да понуди попусти на е-книгите. Иако ова значи крај на процесот против Apple и издавачите во Европа, тужбата против нив за манипулација со пазарот сè уште е активна во САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk