{mosimage}Како што беше најавено, во саботата се одржа промоција на Firefox во два града во Македонија, Скопје и Куманово, од страна на група доброволци кои ја контактираа фондацијата Mozilla и побараа дозвола да извршат јавна промоција на нивните продукти на територијата на Македонија.
Промоцијата во Скопје помина со солиден интерест и покрај лошото време заради кое промотивниот тим мораше порано да се повлече од својата позиција (карши Тренд) на градскиот плоштад. Промоцијата во Куманово исто така беше одржана на градскиот плоштад, но според реакциите на присутните, немаше доволно интерест на штандот.
Заинтересирани минувачи можеа на лице место да ги тестираат Firefox и Thunderbird, а постоеше и можност да добијат промотивен материјал доколку точно одговорат на едно прашање поврзано со овој софтвер. Присутните тимови исто така беа подготвени да одговорат на било какви прашања и да дадат дополнителни инструкции.
Интересно е да се види дека она што беше дадено чисто како идеја на ИТ форумот, за брзо време, благодарение на упорноста на волонтерите, се реализираше во јавна промоција на софтверот на Mozilla во двата најголеми града во Македонија. Според најавите, групата зад овој настан наскоро планира да се регистрира и официјално како невладина организација, па според тоа може да очекуваме и други вакви интересни промоции и настани во иднина.






