Двојно повеќе луѓе се подготвени да плаќаат за содржината на Интернет, отколку минатата година, вели истражувањето на Институтот за студии по новинарство на Reuters кое било спроведено со 11.000 корисници од 9 различни земји. Во Велика Британија, САД, Франција, Германија и Данска, бројот на такви корисници е 11 отсто, додека во Шпанија, Италија, Јапонија и урбаните предели на Бразил бројот се искачил на дури 20 посто.
[youtube]W7EpD5N9gEE[/youtube]
Особено задоволни од бројките се медиумите во Велика Британија. Џури Хармен, директор за планирање во Newsworks, за ова вели: „Навистина е поттикнувачки да се види јачината на новинарските брендови во Велика Британија. Одлично е кога ќе видиш дека весниците се главна дестинација за младите и тие се подготвени да плаќаат за конзумирање на вестите, особено доколку читаат преку компјутерските таблети“.
Целосната презентација и извештај можете да го преземете од овде.
Кое е вашето мислење за плаќање за читање на онлајн содржината? Дали доколку некој од нашите медиуми воведе таква практика сте подготвени да платите? Ги очекуваме вашите коментари.