0 коментари 2 мин. читање 3 јули, 2013

Близнаците Винклвос кои го тужеа Закерберг, ќе тргуваат со биткоини

Близнаците Винклвос кои на поголем дел од јавноста им се познати по спорот со Марк Закерберг околу идејата позади Facebook, се спремни дигиталната валута Bitcoin да ја направат мејнстрим. Имено, браќата Тајлер и Камерун се сопственици на 1 отсто од издадените биткоини. Кога планот со Facebook не им успеа, близнаците овие денови испратија барање до американската Комисија за хартии од вредност за основање на Winklevoss Bitcoin Trust кој ќе работи со размена на биткоини.

Доколку биде одобрено нивното барање, браќата се спремни да продадат 10 милиони долари од акциите во својот фонд, каде што секоја акција би чинела околу 0,2 BTC. „Одбравме да вложиме пари и верба во математички рамки кои се слободни од политиката и човечките грешки“, велат тие алудирајќи на алгоритамскиот карактер на биткоините кој сепак не ја спречува валутата да биде нестабилна.

Целосното барање за основање на Winklevoss Bitcoin Trust, можете да го погледнете овде.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top