0 коментари 2 мин. читање 12 март, 2015

ИТ настан: Google Summer of Code 2015 во хаклабот КИКА

(Тесктот е првично објавен на блогот Сподели Знаење, на хаклабот КИКА. Авторот е Андреј Трајчевски)

Поминаа 3 години откако на FOSS блогот на Google се појави статијата за Gооgle Summer of Code meetup-ите и студентите кои таа година беа примени. 3 години откако КИКА беше отворена 24 часа, дење и ноќе, додека траеше аплицирањето. Тоа беше периодот кога не знаевме Linux и не знаевме да го искомпајлираме проектот и знаевме само да ги замараме староседелците со прашања. Кога сфативме дека е океј да комбинираш кафе и пиво, паралелно.

Нејсе, минато ко минато. Супер си пројдовме, а сега е време да го отвориме просторот за некоја нова приказна, со нови студенти и нови староседелци. Има уште точно 5 дена до почетокот на апликациите. За оние кои не се запознаени, Google Summer of Code е програма во која Google дава пари за студенти да програмираат на слободни проекти (како Apache, OpenStreetMap, Debian). Примени се вкупно 137 организации, секоја од нив има разни проекти и идеи на кои може да работите.

Повеќе информации околу иницијативата тука. И да, даваат 5.500 долари за тие 3-4 месеци работа.

Во сабота хаклабот ќе биде отворен за сите заинтересирани студенти кои сакаат да ги разгледаат проектите. Ќе бидат таму и луѓето кои имаат учествувано, па ќе може да ги прашате што и да ве интересира. Ќе ви помогнат да инсталирате Linux и да го искомпајлирате проектот. Сабота од 14 часот. Се гледаме.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top