Нема решение на ITU: Интернетот нема да се регулира заеднички од сите држави

во Веб, Свет

Конференцијата на ITU под покровителство на ОН за пре-регулирање на Интернет ќе заврши со одбивање на ратифицирање oд страна на САД, Канада и Велика Британија, јавува BBC. Конференцијата ќе заврши денес, но по се изгледа без заеднички договор. Премногу разочарани од ова не се ниту: Данска, Италија, Чешка, Шведска, Грција, Португалија, Финиска, Чиле, Холандија, Нов Зеланд, Костарика и Кенија кои имаат потреба од консултации со нивните влади пред да донесат решение, што значи дека и овие држави нема да го потпишат договорот денес.

„Со тешко срце и чувство на пропуштени можности, САД мора да објават дека не се во можност да го потпишат договорот во сегашната форма.”, изјави Тери Крамер, американскиот амбасадор на Светската конференција за Меѓународни Телекомуникации (WCIT).

Една од грешките е што наместо координација на државите за намалување на спам содржини и зголемување на пристапот на интернет, сите држави почнаа да си тегнат на своја страна. Предлогот на Кина и Русија секоја држава да има можност да управува со интернет, од почетокот беше јасно дека ќе биде тешко остварлив. Конференцијата речиси е целосно разрушена откако мнозинството членки ја изгласаа резолуцијата која гласи “Овие прописи го признаваат правото на пристап на земјите членки на меѓународни телекомуникациски услуги.“, по што САД, Канада и Британија го разбраа како обид за регулација на Интернет.

„Ние претпочитаме да нема никаква резолуција за интернет и јас сум крајно загрижен дека јазикот само ја отвора можноста за интернет и содржините на интернет.”, изјави претставникот на Велика Британија, Симон Товлер.

Генералниот секретар на ITU, Хамадун Туре, надополни дека државите кој ќе ја ратификуваат спогодбата ќе имаат бенефит од зголемена транспарентност на цените на интернационалниот мобилен роаминг и конкуренцијата. По се изгледа дека се пропушти шанса да се регулираат деловите кои не беа спорни, а беа пред се од технички карактер. Се покажа дека како и често пати досега, Обединетите Нации немаат баш големо значење кога одлуките кои треба да се донесат не се по мера на некои од членките на советот на безбеденост или кога не се во интерес на помоќните членки.

Изборот за не регулирање на интернет, па дури и со непопуларна мерка како одбивање на ратификација е подобар избор од било каква спогодба која ќе ја загрози слободата на интернет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments