Се избира најдобар програмер помеѓу основците и средношколците

0 коментари 1 мин. читање

По 28-ми пат се избира најдобар програмер меѓу основците и средношколците во Македонија. Овогодинешниот Државен натпревар по информатика е во организација на Здружението на информатичари на Македонија.

Натпреварот за учениците од средните училишта се оддржува во сабота на 1 април во просториите на ФИНКИ, додека учениците од основите училишта ќе се натпреваруваат во компјутерските лаборатории на Semos Едукација, кои воедно се и долгогодишни поддржувачи на натпреварот.

На овогодинешниот натпревар по информатика ќе учествуваат вкупно 100 учесници од основно и средно образование кои се избрани од учесниците на регионалниот натпревар. Четворица најдобри ќе ја претставуваат Македонија на натпреварите на меѓународно ниво.

На сите добитници на први, втори и трети места од секоја подгрупа, Semos Едукација им доделува вредносни ваучери за бесплатна обука по нивен избор.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top