0 коментари 2 мин. читање 31 март, 2017

Чекор поблиску до Марс, Space X успешно лансираше иста ракета двапати

Една од причините поради која летот во вселена е прескап е неможоста за повторно користење на ракетите. Тоа сега е историја, Space X успешно повторно лансираше една од ракетите кои веќе беа лансирани. Ова ќе овозможи намалување на цената на секој лет со Falcon 9 за една третина. Falcon 9 чини 62 милиони долари, а поевтинувањето ќе биде овозможено со „рециклирање“ на дел од ракетата.

Последните неколку години со променлив успех Space X лансираше и слетуваше со Falcon 9 ракетите. Сега за прв пат една од овие ракети успешно е лансирана. Со ова сме малку поблиску до желбата на Илон Маск за креирање на одржлива колонија на Марс.

Првиот повторен лет на Falcon 9 можеше да се следи во живо на YouTube. Ракетата полета од Кејп Канаверал, Флорида. Заедно со ракетата полета и комуникациски сателит во орбитата. По оставањето на сателитот во орбита Falcon 9 слета на еден од дрон бродовите на Space X.

Image: Space X
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top