Сан Франциско им вети на своите граѓани оптички интернет за сите

во Вести

Сан Франциско ќе се обиде да биде првиот град кој на сите жители ќе им овозможи оптички интернет. Дел од помалите градови кои се дел од Google Fiber тестовите веќе се покриени. Сепак, Сан Франциско е првиот навистина голем град кој ќе биде целосно покриен, вели Wired.

Се чини некако природно првиот голем град кој ќе добие целосна оптичка покриеност да биде Сан Франциско. Одлуката на градските власти предводени од грaдоначалниот Ед Ли, дојде откако најголемите провајдери во градот Comcast и AT&T или немаа намера или доцнеа со промената на постоечката кабловска мрежа, .

Секако, за паметните градови ќе биде неопходно ова поврзување. Здравствени услуги, паметни компании, образование, сите овие и куп други гранки ќе бараат брз пристап до интернет.

Ако сè се одвива според планот, проектот треба да биде јавно-приватно партнерство. Во моментов во изработка е решение за планот за оптичка мрежа која ќе го поврзе целиот град, сeкоја куќа и секоја продавница. Oптичката мрежа која е во сопствност на градот, ќе му биде ставена на располагање на инвеститорот. Бекбоун мрежата ќе биде во сопственост на Сан Франциско, а поврзувањата и електрониката ќе бидат должност на партнерот или партнерите.

Градот нема да биде посредник во продажбата на пакетите и нема да биде конкурент на останатите интернет провајдери.

Интересно, ова му овозможува на градот да работи на главната мрежа слично како што работат и на улиците или водоводот. На оваа мрежа ќе можат да се приклучат интернет провајдерите кои ќе треба да овозможат поврзување со крајните корисници. Со тоа би се намалиле инвестициите за провајдерот, но и за градот. Провајдерите нема да мора да размислуваат за скапото поставување на оптичките кабли, а градот ќе врати дел од инвестицијата од концесиите за провајдерите.

Цената на овој проект за Сан Франциско според компанијата која го изработи планот, е проценета на 1.5 милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments