0 коментари 2 мин. читање 6 ноември, 2017

„Моја Зграда“ е апликација која ќе им овозможи на станарите во зградите полесна меѓусебна комуникација

Најверојатно веќе повеќе пати сте биле сведоци на листи и соопштенија во ходници на згради. „Треба да се плати за чистење!“, „Нема платено струја за лифт!“, куп повици за куќен совет и слично се дел од стандардните орнаменти во влезовите.

Наместо ова, „Моја зграда“ ќе се обиде да понуди поинакво и покорисно решение. Апликацијата како што наговестува и името е наменета за станари во згради. Овозможува едноставна комуникација и споделување на податоци, иако ова нема да функционира ако станарите ја немаат апликацијата.

Корисниците можат да: најдат мајстор директно преку менито „Најди Мајстор“; да објават некакави анкети, известувања, жалби, пофалби, огласи. Сите станари во зградата кои го користат сервисот ќе добијат нотификации и ќе бидат веднаш информирани.

Апликацијата е достапна за iOS и Android.

Најголемиот проблем кој го има апликацијата е да ги убеди станарите да ја инсталираат. Можеби доволна мотивација е почист влез во зградата, но за жал ова не гаранција.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top