Samsung стримаше раѓање преку виртуелна реалност

Samsung прикажа само еден дел од предностите на виртуелната реалност во својот последен потфат кој беше малку неочекуван. Јужнокорејската компанија стримаше раѓање на машко бебе за таткото, одалечен 4.000 километри, да може да го доживее овој момент.

„Понекогаш препреките како растојание предизвикуваат луѓето да пропуштат да бидат дел од искуствата кои никој не сака да ги пропушти. Затоа решивме да им помогнеме на Џејсон и Алисон Ларк да бидат заедно, на еден потполно нов начин и да можат заедно да го доживеат овој момент. Добредојдовте во првиот пренос во виртуелната реалност со помош на Samsung Gear VR“, велат од Samsung.

Преносот овозможен од Samsung е од едниот до другиот крај на Австралија од Перт до Чинчила и му овозможува на г. Ларк да присуствува на раѓањето на својот син, иако е илјадници километри одалечен од болницата. Станува збор за прв стрим во живо со помош на виртуелна реалност за чија реализација покрај Samsung Gear VR се потребни и повеќе камери во болницата каде се породи г-ѓа Ларк.

Иако станува збор за промотивна кампања на Samsung Gear VR, ова е сепак одличен пример за можните идни примени на виртуелна реалност, надвор од гејмингот и забавната индустрија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments