Facebook ги објасни новите правила за користење, за како и зошто, и во кој случај, ќе отстранува содржини и корисници. Друштвената мрежа вели дека новите правила ќе имаат за цел да ги тргнат нерелевантните постови за корисниците, и наместо тоа да понуди вистински публика составена од вистинските пријатели и вистинските фанови на брендовите.
„Наша мисија е да им овозможиме на луѓето да споделуваат содржини и да го направат светот поотворен и поврзан. Секој ден луѓето доаѓаат на Facebook за да ги споделат своите приказни, да го погледнат светот преки очите на другите, да се поврзат со своите пријатели и приазни кои им значат“, велат од Facebook.
За да овозможи околина во која сите ќе се чувствуваат безбедно, друштвената мрежа ги воведе Community Standards. Тука се внесени сите правила за користење, причини за отстранување на содржини и отстранување на профили, но и објаснување дека тоа што е навредливо за некој можеби не е прекршок.
Стандардите се поделени во неколку секции кои се однесуваат на добро однесување на корисниците, безбедност на профилите и информациите, заштита на интелектуална сопственост и конечно објаснување на правила за пријавување на злоупотреба. Новите стандарди на заедницата јасно ќе им покажат на корисниците кое однесување е недозволиво, вели New York Times.
Facebook најави и дека ќе ги отстрани неактивните корисници од страните на компаниите, со што би се овозможиле порелевантни информации за компаниите. Корисниците кои ќе бидат отстранети се оние кои ги деактивирале своите профили и профилите на починатите, таканаречените Memorialised profiles. Освен ова за подобри и попрецизни резултати, мрежа започнува и со бришење на „лајковите“ и коментарите од споменатите профили. Доколку дел од деактивираните профили повторно се вратат, веднаш автоматски ќе бидат додадени на страните, иако за сега нема податоци што ќе стане со коментарите на корисниците.
Како последица на ова дел од страните на компаниите ќе забележат пад корисниците на нивните Facebook страни, но ова сепак е незначително во споредба со подобрите резултати кои ќе бидат презентирани пред компаниите, уверува друштвената мрежа.








Sega mi e jasno zosto od Facebook se brisat site komentari i snimeni materijali za Gruevski