Samsung се повлекува од европскиот PC пазар

0 коментари 1 мин. читање

Samsung се повекува од пазарот на лаптоп компјутери во Европа, и ќе престане да ги продава Ativ Windows и Chromebook уредите на европскиот пазар, јави PC Advisor. Samsung е втора компанија по Sony која се одлучи за ваков потез. Sony од февруари ги повлече Vaio уредите од пазарот, по ова компанијата се реструктуираше отпуштајќи повеќе од 5.000 вработени.

„Набрзина се прилагодуваме на потребите на пазарот. Во Европа ќе престанеме да испорачуваме лаптоп компјутери, вклучувајќи ги и Chromebook. Ова е специфично за регионот – не значи дека ќе се рефлектира и на останатите пазари… Ќе продолжиме да ја проценуваме ситуацијата на пазарот и дополнително ќе направиме промени за да останеме компетитивни на пазарот на комјутери“, вели портпаролот на компанијата.

Што се однесува до македонскиот пазар, продавници на компјутери и опрема ги носат уредите по сосема различни канали, па можно е затворањето на европскиот оддел на Samsung да нема никаква разлика за македонските хардвер продавници.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top