0 коментари 2 мин. читање 24 септември, 2014

Креаторот на Paper за iPad стартува друштвена мрежа за уметници

FiftyThree, креаторот на популарната апликација за цртање, Paper, објави своевидна друштвена мрежа за артисти. Mix е платформа за споделување на креативни дела, отворена за уметниците да постираат своите цртежи кои ќе бидат прецртани, променети и надградени од останатите членови на заедницата. Идејата е да го споделите делото т.е. цртежот со други и да видите како тие ќе го подобрат. Сепак не станува за апликација за соработка со која 10-15 луѓе можат истовремено да работат на една слика, туку секој може да си додаде свој дел на сликата: така првиот црта топка, вториот може да додаде нос, третиот мустаќи или во друг дел можеби некој на топката ќе ги додаде континентите, следниот ќе ги обои и слично.

Тоа што го прави Mix единствен не е што е едноставен за користење или што наликува на друштвена мрежа, покрај единствениот начин на соработка кој креираа своевидно „дрво на потекло“ на цртежот, тука е и едноставниот начин на споделување на се што е изработено се што е направено корисниците можат да го објават без кодирање и WordPress вели Fastcodesign.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top