Anonymous им објави сајбер војна на ISIS и нивните спонзори

Хактивистите Anonymous им објавија сајбер војна на екстремистите на Исламска Држава, попознати како ISIS. Групата ги предупреди и телевизијата Al-Jazeera, Катар, Турција и Саудиска Арабија дека ќе бидат цел на сајбер напади поради поддршката на Исламска Држава, без разлика дали станува збор за медиумски спинови како поддршка на екстремистите, или поддршка и снабдување кон екстремистите. Но, дел од Anonymous имаат сомнеж дека хакерските напади против ISIS ќе помогнат, посебно што со нив ќе ги стават во опасност членовите на групата кои живеат во Ирак и Сирија.

„Овие дивјаци немаат религија и морал и палат се на својот пат, убивајќи и ограбувајќи се пред нив. Мораат да бидат запрени“, велат Anonymous во своето соопштение.

Се чини дека тоа што ги предизвика Anonymous (барем дел од нив) е што хакери поврзани со Исламистичката држава го украдоа @TheAnonMessage Twitter профилот за да споделат пропагандни фотографии. Во YouTube видеото споделено од Anonymous се вели дека „се преземени мерки за да се спречат идни напади“, но и се наведуваат причини зошто хактивистите започнуваат војна со екстремистите кои го напаѓаат Ирак и Сирија.

[youtube]_kJtvFUMELM[/youtube]

Нападите на Anonymous ќе бидат насочени кон спонзорите на Исламската држава, бидејќи екстремистите немаат премногу голем виртуелен отпечаток. „Не можеме да ги нападнеме ISIS бидејќи главно се борат на земја. Но можеме да ги нападнеме државите и и луѓето кои ги поддржуваат“, вели неименуван извор за Forbes.

Сепак не сите членови на хакерската група се согласуваат со акцијата. Дел од членовите предупредуваат дека членовите на групата кои се од Сирија и Ирак би биле изложени на сериозна опасност. Дополнително цели на напад би можеле да бидат пријателски настроени кон Anonymous или нивните поддржувачи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments