Со 5,25-инчен екран Galaxy Grand 2 е уште еден огромен телефон од Samsung, чија цел е да го преплави пазарот со уреди од сите големини и сите цени. Стратегијата на јужнокорејскиот гигант секако функционира, бидејќи Samsung испорачува добар дел, околу една-третина, од севкупните Android телефони, и бидејќи сите Galaxy модели се доволно квалитетни за да бидат лидери на тој пазар.
Но, Galaxy Grand 2 е можеби непотребен модел бидејќи се наоѓа меѓу 5-инчниот Galaxy S4, кој се води како најдобриот Android телефон во моментов, и 5,9-инчниот Galaxy Note 3, кој е идеален за сите корисници кои сакаат големи телефони што се поблиску до таблет компјутерите, или „фаблети“. Со 1,2 GHz процесор на две јадра, 1,5 GB RAM и 8 пиксели камера, Galaxy Grand 2 не нуди ништо повеќе од гореспоменатите high-end модели, освен можеби што ќе биде малку поефтин. За жал, цената се уште не е објавена, ниту кога ќе биде достапен овој телефон, освен дека ќе може да се купи само на „селективни пазари“.