Samsung најави 1,4 GHz процесор со четири јадра за следните Galaxy телефони

1 коментар 1 мин. читање

Samsung верува дека новиот мобилен процесор Exynos со четири јадра ќе ги направи неговите уреди уште поконкурентни на пазарот. Гигантот во моментов е најголемиот, и за многумина најдобар производител на Android телефони чиј единствен конкурент е Apple iPhone.

Samsung вели дека секое јадро на Exynos 4 Quad работи на 1,4 GHz, и е базиран на ARM Cortex A9. Ќе има поддршка за 30fps 1080p телефони. Првиот Galaxy уред со овој процесор ќе се појави во мај. Exynos 4 Quad ќе биде компатибилен со Exynos 4 Dual што ќе им помогне на производителите да ја направат промената на идните телефони.

[youtube]ndtvyTPIx3Q[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед