0 коментари 2 мин. читање

Samsung на Gamescom претстави портфолио на заоблени монитори

Samsung сериозно е заинтересиран да навлезе подлабоко во гејминг сегментот на ИТ пазарот, па со таа цел, на Gamescom конференцијата во Келн која е посетена од 300.000+ посетители го претстави своето портфолио на заоблени монитори.

02_Samsung_CFG70

24-инчниот монитор GFG70 нуди квалитетна слика и напредни опции за страстни гејмери, велат од компанијата.

Со оглед на фактот дека програмерите во процесот на креирање на нови содржини сè повеќе вклучуваат напредни функции, на страсните „гејмери“ потребни им се висококвалитетни екрани кои ќе им го зголемат впечатокот и ќе направат да се чувствуваат како да се дел од играта“, изјави Сеог Ги Ким (Seog GI Kim), Постар Заменик Претседател на Одделението за визуелни екрани во компанијата Самсунг. Тој додаде дека CFG70 моделот претставува еволуција на пионерската технологија на гејминг мониторите, која дава реалистично искуство во играњето на компјутерските игри.

Со заобленост од 1800R (што укажува на радиус на заобленост од 1800 mm) и изедначен широк агол на гледање од 178 степени, интегрирано LED осветлување Samsung GFG70 е монитор кој нуди придвижување на слики за една милисекунда. Фреквенцијата од 144 Hz за освежување (refresh) на екранот е дополнителна вредност за едноставни промени во текот на играта.

01_Samsung_CFG70

Од компанијата, во официјално ПР соопштение велат дека предност на овој заоблен монитор е намалувањето на заморот на видот, со што се овозможува подолго играње. Функцијата „анти-треперења“ на заоблениот монитор CFG70 спречува недоследности во прикажувањето на сликата, а функцијата Eye Saver Mode, ги штити очите на корисникот од штетните зрачења на сината светлина. Вградената AMD FreeSync технологија преку HDMI приклучок синхронизира освежување на екранот со AMD графички картички, со што дополнително се намалува создавањето на конзистентна слика.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top