4 коментари 1 мин. читање

HelpMark.me е апликација која им помага на волонтерите да ги пронајдат најзагрозените семејства

HelpMark.mе e македонска Android апликација од System4Enterprise. Сервисот има за цел да го олесни помагањето во подрачјата погодени од непогоди. Мотивација за сервисот несомнено е поплавата која го погоди скопскиот регион и лошата комуникација помеѓу локалните власти и доброволците.

Апликацијата е едноставна за користење и овозможува едноставно пријавување на локација на која е потребна помош и вид на помош која е потребна. Локацијата се добива преку GPS координати, а потоа корисникот одбира што е потребно, на пример: лекови, храна, облека и слично. Дополнително, корисникот може да остави белешка, на пример дека облеката е за три годишно дете.

Волонтерите можат да одберат некоја од локациите и да најават дека ќе задоволат некоја од потребите. Доколку успеат, маркерот се брише од мапата, доколку не успеат по 12 часа повторно се активира.

helpmarkme

Апликацијата е засега достапна само за Android.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top