0 коментари 1 мин. читање 15 јануари, 2016

Samsung ќе го произведува мобилниот процесор Snapdragon 820

Samsung ќе го произведува процесорот Qualcomm Snapdragon 820, заедно со својот Exynos 8 Octa процесор, јави компанијата на својот блог. Станува збор за втора генерација на 14 нанометарски мобилни процесори кој ќе се користи во речиси сите ексклузивни Android телефони. Најавите се дека Snapdragon 820 ќе биде достапен во првата половина на 2016 година.

Започнувањето на производство на процесорот сепак не значи и дека Samsung ќе го користи во своите „flagship“ модели. Одделот за производство на полупроводници и мобилни уреди се два различни оддела на Samsung, па Snapdragon 820 може да го замени Exynos само ако се покаже дека разликата во перформансите е забележителна.

Интересно e што Recode шпекулира дека токму желбата Samsung да ги врати нивните процесори го мотивира Qualcomm да ја избере нивната фабрика.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top