0 коментари 2 мин. читање 15 јануари, 2016

ИТ настан: Google Hash Code 2016 е закажан и во Скопје

Google го најави Hash Code 2016 за 11 февруари. Станува збор за тимски натпревар кој се организира на територија на Европа, Африка и Блискиот Исток. Пријавувањето е отворено од поодамна, а завршува на 9 февруари. Она што најверојатно ќе ве интересира е дека за оваа цел во Seavus Education and Development Center ќе има организиран хаб.

Настанот повторно е поделен во два дела од кој првиот почнува на 11 февруари од 18:30 часот. Во овој дел онлајн тимовите можат да учествуваат од каде сакаат. Вториот дел, односно финалето, ќе се одржи на 19 март во Париз и ќе трае 12 часа, а во него ќе бидат поканети најдобрите тимови.

Тимовите имаат потполна слобода во сопственото креирање, како и во програмскиот јазик кој ќе го користат, иако бројот на членови мора да биде помеѓу 2 и 4. Тимот може, но не мора да биде на иста локација, но поголемиот број на учесници на исто место, секако е позабавно решение.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top