Ретко кој го очекуваше излагањето на пратеничката од СДСМ, Лидија Димова, кога при расправата на Законот за спорт предложи додавање на видеоигрите и игрите со карти. Г-ѓа. Димова побара можност за отворање на законот и негово подобрување, помеѓу другото со додавање на е-спортот! Идејата е на барање на дел од граѓани со кои имала средба, и иако г. Димова помалку несигурно ги презентираше податоците (однапред се извини за своето недоволно познавање на гејмингот), сепак беше потполно во право.
„Во делот на спорт треба да се предвиди таканаречениот гејминг, а тоа се светски натпревари во активности како што се картите (Magic the Gathering)… јас бев изненадена колку се наоѓа на веб-страниците низ целиот свет. Неодамна учествувала и екипа од Македонија… Ве замолувам отидете на интернет и проверете колку е ова популарно, мислам ако сме малку покреативни ќе можеме да внесеме нова димензија и да им помогнеме на овие луѓе, на крајот на краиштата и да ја промовираат Македонија онаму каде што одат. “
Очигледно дека пратениците присутни во салата не се запознаени со Magic the Gathering, па најголем дел не ни разликуваа дека не станува збор за вообичаените игри со карти. Но Magic не е единствената игра за која стана збор, DotA 2 и еден од најдобрите македонски играчи во оваа игра, Мартин Сакса Саздов, беа дел од забавниот говор на пратеничката Димова, заедно со турнирот во Hearthstone и League of Legends.
„Мислам дека овој закон може да го отвориме да бидеме креативни и да најдеме начин како младите луѓе да ги стимулираме да направат нешто што ќе ја промовира и нашата држава“.
За жал, на пратениците ова им беше смешно, а се чини дека се премногу конзервативни и на спортот гледаат единствено преку спортски сали и игралишта. Дури и да е така, најголем дел од нашите спортисти со исклучок на Оливера Наковска-Бикова, во последно време одат само да учествуваат, не и да се натпреваруваат. За жал реалните резултати и слободниот пат на македонската фудбалска репрезентација, на пример, пратеникот Трајчо Димков ги смета дека „Тука сме многу јаки,“ зборувајќи за инвестициите на владата во спортот.
Предложените измени не беа прифатени од мнозинството. Ако за нешто може да и се замери на г. Димова е што и покрај добрата замисла сепак не успеа потполно добро да ја презентира идејата пред колегите. Она што нѐ радува, за прв пат за е-спортот се зборува на највисоко ниво. Можеби на дел од пратениците е-спортот им е смешен, но и тие ни се смешни на нас кога не можат да сфатат дека победниците во гејминг турнирите добиваат по 6,5 милиони долари, а турнирите се следат од неколку десетици милиони гледачи. Но, ја поздравуваме храброста и идејата на Лидија Димова да отвори дискусија за е-спорт во Собраниетo на Република Македониа.
За целотo видео може да го посетите овој линк. Дискусијата започнува по 1 час и 7 минути, и трае околу 15 минути. И да, мора да го отворите со Internet Explorer!? Но, ова сепак е тема за поинаква статија.
[…] е-спортот доби по успесите на Мартин „Saksa“ Саздов. Во 2016 година пратениците во Македонското собрание во расправата […]
[…] Иако Олимписките игри се во тек, главната спортска вест кај нас оваа недела не доаѓа од Бразил. Dota 2 The International го донесе најдобриот македонски e-спортист на сцена. Изминативе денови Сакса беше на социјалните мрежи, на медиуми и телевизии, дури веста беше и меѓу топ темите на Time.mk. И сите знаеа дека македонец е вице-шампион во е-спорт, освоил многу пари и беа горди, иако голем дел од луѓето се уште не разбираат точно што и како “дечкото од Свети Никола” освоил, а да се потсетиме дека пред околу половина година, дури и пратениците и не знаеа за што зборуваат. […]
[…] нешто сами. Затоа беше неочекувано што неодамна имаше дискусија за е-спортот во Собранието на Републик…. Сепак, таа дискусија беше лаичка и предизвика презир […]
[…] И како треба да се третира гејмингот? Неодамна во Парламентот се спомна е-спорт, но една пратеничка го спореди со јамб, друг се пофали […]
[…] македонските политичари се чудат што е тоа е-спорт?, средно училиште во Норвешка, Garnes Vidaregåande Skole, одлучи […]
Браво за пратеничката. За другите пратеници немам што да кажам, сами за себе зборуваат со неукоста.
Не знам зошто не сакаат. Треба идејата да им се презентира на поинаков начин. Да им се укаже дека (за жал) и во тој спорт можат да перат пари. Да перат големи пари. Исто како што перат пари и во физичкиот спорт, така и во е-спортот.
А за да се промовира идејата дека стварно има пари (за перење) во е-спортот, треба да сите македонски портали, вести и весници да имаат прилог каде што ќе кажат дека добиваат по 6.5 милиони долари на турнири. Кај се GG.mk во оваа приказна?