Samsung најавува нов Windows RT таблет компјутер кој ќе биде претставен истовремено со оперативниот систем, пишува Bloomberg. Корејската компанија веќе работи на ARM таблет компјутерот, тврдат извори кои бараат да останат анонимни, бидејќи компанијата сè уште не ги објавила плановите.
Еден од изворите најави дека таблет компјутерот е најавен за октомври што се поклопува со излегувањето на Windows 8. Веста доаѓа и по најавата на Qualcomm дека нивните процесори ќе бидат искористени во Windows RT таблет компјутер уште во 2012 година.
Според Bloomberg таблет компјутерот на Samsung ќе работи со ARM процесор, Qualcomm Snapdragon. Новите Windows RT уреди треба да бидат конкуренција на Apple кои во последните три месеци продадоа повеќе од 50% од сите таблет компјутери. Покрај Windows RT, Мicrosoft наскоро ќе го збогати пазарот и со сопствен таблет комјутер, Microsoft Surface.
Оваа вест е добредојдена за Microsoft, бидејќи минатата недела Hewlett-Packard најавија дека ќе почекаат со RT таблет компјутерите. Откако HP најавија дека првиот таблет компјутер ќе биде на х86 платформа се појавија прашања за бизнис корисноста нa Windows RT. Влегувањето на компанијата која е застапена со 25 проценти од паметните телефони е дефинитивно добра вест за Microsoft.
[…] Microsoft конечно откри кога треба да го очекуваме двојниот Windows 8. Новиот оперативен систем нема само да се појави за декстоп компјутерите, туку, благодарение на својот оптимизиран Metro интерфејс, ќе биде и на број таблет компјутери од различни производители. […]