0 коментари 1 мин. читање 9 јули, 2012

Microsoft: Windows 8 доаѓа во октомври

Microsoft конечно откри кога треба да го очекуваме двојниот Windows 8. Новиот оперативен систем нема само да се појави за декстоп компјутерите, туку, благодарение на својот оптимизиран Metro интерфејс, ќе биде и на број таблет компјутери од различни производители.

Според Microsoft, Windows 8 ќе започне да се продава во крајот на октомври, што не е некој изненадувачки термин за пласирање на нов производ бидејќи компанијата и партнерите очекуваат да профитираат во престојниот празничен период. Но, се очекува уреди кои ќе работат на Windows RT да се појават малку порано, во август.

Windows 8 ќе се појави во 109 јазици во 231 земји. Дигиталната надградба од оригиналната XP и „седумката“ во Windows 8 чини 40 долари, иако во следниов период се купи нов компјутер со Windows 7 ќе може да се надогради во 8 за само 15 долари. Сè уште нема цена за различните верзии.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top