Преземете ги сите слики од сите сајтови со Image Collector Extension

во Совети

Дали некогаш сте имале потреба да ги зачувате сите слики од одреден веб сајт? Додека бараме квлитетни слики, често пребаруваме низ различни сајтови и директориуми на слики, како што се deviantART, Picasa, Photobucket, и сл., па често кога ќе сакаме да зачуваме повеќе слики, навистина е мачно да ги преземаме една по една.

За да им ја олесни таа работа на сите други, Јоширо Тамака ја разви Chrome екстензијата – Image Collector Extension. Оваа екстензија ви овозможува да ги преземете и зачувате сликите на вашиот Dropbox или Google Drive, или пак во скрипт датотека за да ги зачувате на вашиот компјутер.

Откако ќе ја инсталирате екстензијата на десната страна од барот за адреси ќе ви се појави иконка со пејсаж и порака дека Image Collector Extension е успешно инсталиран. За да поставите специфични филтрирања, како екстензија за сликите или димензија, одете во Settings → Extensions и кликнете на Options под описот на екстензијата.

Доколку се одлучите сликите да ги зачувате на вашиот Dropbox, апликацијата ќе создаде нов директориум „Image Collector Server“ и во него ќе бидат зачувани сите слики, додека во Google Drive ќе бидат зачувани во „Wall Photos“ директориумот. Во преостанатиот случај, сликите ќе ги зачува во Downloads директориумот на вашиот хард диск.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Сандра
Сандра
13 years ago

Профи!

види ги сите огласи на kariera.it.mk