Samsung ќе претстави 8-инчен Galaxy Note таблет компјутер во февруари

во Хардвер

Samsung наскоро ќе претстави нов таблет компјутер. Корејскиот iNews 24 вели новиот 8-инчен Galaxy Note таблет компјутер ќе биде преставен на Mobile World Congress кој ќе се одржи на крајот на февруари. Според весникот, новиот таблет компјутер го најавил лично директорот за мобилни уреди во Samsung, ЈК Шин.

Најверојатно дизајнот на 8-инчниот Galaxy Note таблет ќе наликува на претходниот Galaxy Tab. Ќе работи на Android 4.2 JellyBean, ќе има 1280×800 екран, 3G и Wi-Fi поддршка, 5 мегапиксели задна камера и 1,3 мегапиксели предна камера.

Oсум инчниот таблет компјутер сигурно ќе биде првиот од возбудливите мобилни уреди кои Samsung ќе ги претстави годинава. Се очекува да видиме Galaxy S4 паметен телефон кој ќе биде директен конкурент на iPhone 5, и кој ќе ја зацементира улогата на Samsung како најголем продавач на мобилни телефони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments