1 коментар 1 мин. читање

Првата 3Д испринтана зграда ќе се појави во 2014-та

Холандскиот архитект Џанјап Рујисенарс објави дека до 2014 планира да го изгради првиот 3Д испринтан објект. Зградата ќе чини помеѓу 4 и 5 милиони евра а г.  Рујисенарс сака да изгради по една во секоја држава

„3D- печатењето е неверојатно. За мене, како архитект тоа е најдобар начин да се изгради овој специфичен дизајн кој нема почеток и крај, со 3D принтер можеме да го изведеме и да изгледа така.“, изјави Janjaap Ruijssenaars за BBC.

Зградата ќе наликува на огромна мебиусова јамка, а веќе има интерест од музеи и индивидуи кои се заинтересирани за објектот. 3D принтерот кој ќе се користи во објектот треба да биде изработен со Енрико Дини, пионер во полето на огромни 3D-принтери. Принтерите ќе користат песок и материјал за врзување кој ќе направи исушената смеса да наликува на мермер.

Првата 3D-зграда најверојатно ќе биде музеј во Бразил, во кој ќе бидат сместени постaвки од индијански  експонати пронајдени во околината на имотот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top