Nvidia го најави првиот 64-битен Android процесор кој е во класа на дел послаби Haswell процесори за десктоп. Denver ќе биде достапен пред крајот на 2014 година и за првпат ќе дојде во Tegra K1 SoC, во кој ќе бидат впарени две Denver јадра и 192-јадрен Kepler графички процесор.
Податоците кои доаѓаат од Nvidia велат дека според перформансите Denver не само што ќе ги надмине ARM-Android процесорите, туку ќе го надмине и Apple-овиот A7. Всушност процесорот е толку брз што го надминува и Celeron Haswell процесорот, кој, иако е помеѓу најслабите процесори кој доаѓаат со оваа архитектура, сепак е десктоп процесор. Новиот Android процесор од Nvidia во еден циклус може да изврши 7 инструкции во циклус, што е повеќе дури и од шестте на 64-битниот Apple A7 кој е вграден во iPhone 5S. Јадрата доаѓаат со 128KB L1-cache и 64 KB L1-data cache. Во Tegra K1 процесорите ќе дојдат со 2МB L2-cache. Работната фреквенција на Denver јадрата е 2.5GHz. Процесорите се прилично големи кога станува збор за преносни уреди, па засега нема ниту збор за четири јадрен процесор.
[youtube]IqqBIi6y-Gc[/youtube]
Најверојатно првиот уред кој ќе излезе со Tegra K1 да биде Nexus 9 таблет компјутерот, кој истовремено е и првиот уред кој ќе доаѓа со Android L оперативниот систем. Ако на перформансите на Tegra K1 64 се додадат и тие на 192-јадрениот Kepler, можеби за прв пат ќе видиме Android таблет кој ќе може да му конкурира на iPad.








