Yobi3D е пребарувач кој наоѓа најразлични 3Д модели кои потоа може да ги искористите, доработите или веднаш да ги отпечатите на 3Д принтер. Пребарувачот е своевидна замена за Google за сите кои се занимаваат со моделирање, а благодарение на се поголемата достапност на 3Д-принтерите, бројот на корисници кои ќе бараат модели ќе биде се поголем.
„Навистина е воодушевувачки да се види колку напреднале прелистувачите кога е во прашање рендерирање на 3Д-графика… Сè уште ја развиваме нашата технологија и пронаоѓаме нови потенцијални корисници“, вели основачот на Yobi3D, Џеси Ли, потенцирајќи дека пребарувачот ќе станува се подобар и подобар како што ќе се зголеми бројот на нови модели кој успева да ги пронајде.