Samsung и Mozilla ќе работат заедно на следниот Android енџин за прелистувачи

Mozilla и Samsung објавија партнерство за заедничка работа на следниот енџин за веб прелистувач за ARM уредите и Android. Според блог написот на Mozilla, новиот енџин ќе ја искористи предноста на побрзите и повеќејадрени компјутерски архитектури.

Енџинот го носи името Servo и е изграден користејќи го програмскиот јазик на Mozilla – Rust, во кој свој допринос има дадено и самиот Samsung. Додека, програмскиот јазик во експериментална форма веќе им е достапен на Android развивачите и може да го преземат од github.

Покрај дизајнирање на веб прелистувач, со ова од Mozilla ќе зададат удар врз Google Chrome и WebKit, енџин кој го користат Google и Apple во своите прелистувачи. Mozilla ги охрабрува развивачите да се вклучат во Rust и заедно да го подобрат јазикот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk