Апликација на денот: Lux автоматски ќе ја поставува светлината на вашиот Android телефон

во Совети

Паметните телефони во себе самите имаат вградено автоматски поставувач на светлината, но понекогаш тој знае да биде пресветол или потемен во одредени ситуации. Идејата на Lux е да го спречи тоа и да ви понуди добро ниво на светлина со кое ќе можете да ракувате и добро да гледате.

Lux ја зима контролата врз сензорот на светлина на вашиот паметен телефон и според свои прогнози ја поставува светлината, а нуди и можност вие самите да си поставите предефинирана светлина во одредено време. Апликацијата е лесна за користење и ќе бидете воведени уште при самото инсталирање како да ја користите.

Исто така, апликацијата му овозможува на корисникот да избере кога сака да се применат промените, дали при отклучување на телефонот или при стартување на одредена апликација, и слично. А уште подобра опција и можеби најдобра е светлината автоматски да се поставува периодично, односно во зависност од каква ќе биде светлината во околината.

Можеби Lux не претставува некој голем изум, но дефинитивно ќе ви го олесни менување на светлината на телефонот. Апликацијата е достапна на Google Play.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk