0 коментари 1 мин. читање

Samsung го претстави таблет компјутерот Galaxy Note 10.1

Samsung го престстави својот таблет компјутер Galaxy Note 10.1 кој, како и телефонот со исто име, доаѓа со електронско пенкало.

Овој 10,1 инчен (25см) таблет компјутер со WXGA LCD екран кој работи на Аndroid 4.0 Ice Cream Sandwich, има 1,4 GHz процесор со четири јадра, 2 GB RAM, 5 мегапиксели задна камера и 1,9 мегапиксели предна за видео чет, што се доста импресивни спецификации, ќе се појави глобално во август, т.е. од следната недела.

Ова не значи дека ќе се појави веднаш во Македонија, но земајќи во обзир и дека на овој пазар се појавува се поголем интерес за таблет компјутери кои не се iPad, најверојатно до крајот на годинава ќе го видиме Galaxy Note 10.1 и во македонските продавници.

[youtube]qbgBxr4H59A[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top