0 коментари 1 мин. читање

Apple го купува Fancy?

BusinessInsider јавува дека Apple се во преговори да ја купат друштвената мрежа Fancy. Apple се надева дека дел од 400 милиони корисници на iStore ќе ја користат и нивната можна нова аквизиција. Детали околу сумата која ја понудиле од Apple и можна дата на завршување на преговорите не се објавени.

Fancy се споредува со Pinterest, но само поради изгледот. Fency многу повеќе е насочена кон продажба отколку кон социјализирање, па описот на сервисот како друштвена мрежа можеби и не е баш најсоодветен. Оваа „друштвена мрежа“ всушност е продавница во која може да се споделуваат производите (Fancy It кои можат да се купат со „купи“ копчето.

Аналитичарите тврдат дека The Fancy е проценета на 100 милиони долари, пари кои Apple би требало да ги врати 3-5 пати повеќе. Договорот помеѓу двете компании не е конечен и може да биде откажан во било кое време.

Ако потегот се исполни повторно ќе се испреплетат „зоните на контрола“ на Amazon и Apple. Иако колку што е веројатно дека Kindle Fire ќе го замени iPad, толку е веројатно и дека The Fancy ќе му bиде конкуренција на Amazon.

Според информациите на Buisness Insider, The Fancy е подржана од ко-основачи на двете моментално најголеми друштвените мрежи Facebok и Twitter. Заработката на компанијата за сега е 10 проценти од извршените продажби на мрежата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top