Dropbox за Android доби табови за мултимедијална содржина

0 коментари 1 мин. читање

Dropbox денес ја надгради својата Android апликација со тоа што стави поголем акцент на мултимедијалната содржина. Оваа надградба доаѓа само еден ден откако ја претставија својата нова галерија, а од последните неколку ажурирања може да се забележи дека посветуваат големо внимание на споделувањето на фотографии.

Истите промени наскоро ќе пристигнат и за iOS платформата, додека се уште нема никакви информации за Dropbox за Windows Phone.

Промените во Dropbox 2.2 зa Android се:

  • Воведување на јазичето за фотографии преку кое може да се пристапи до видео и фото содржината.
  • Прикачувањата се преместени во менито во прелистувањето на датотеките.
  • И еден куп поправки во позадината со цел подобро функционирање на Dropbox.

Dropbox можете да го преземете од Google Play маркетот.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед