Samsung го oсвежи Galaxy S2, му додаде Plus бидејќи е со Jelly Bean

во Мобилни, Хардвер

Galaxy S2 Plus e новиот 4,3-инчен паметен телефон на Samsung кој e наменет пред се за просечниот корисник кој не може да си ги дозволи high-end уредите, но сака соолиден телефон од средна класа. Како што открива името, дизајнот на телефонот е налик на популарниот, но малку постар Galaxy S2 кој беше објавен пред скоро две години и до сега успеа да се продаде во 30 милиони примероци.

Двата телефони не се само слични во дизајнот, туку се скоро идентични и во хардверските перформанси. Galaxy S2 Plus има 1,2 GHz процесор со две јадра, 1 GB RAM, WVGA Super AMOLED eкран со 480 x 800 резолуција, 8-мегапиксели задна камера, 2 мегапиксели предна, и 8 GB простор кој може да се прошири со microSD картичка. Телефонот ќе работи на Android 4.1.2, попознат како JellyBean.

Поголемите разлики меѓу S2 и S2 Plus се што вториот доаѓа со вграден софтвер кој го олеснува корисничкото искуство. Има Direct Call опција која вртим штом телефонот се стави до увото, Smart Stay опција која го затемнува екранот ако корисникот не гледа во него, Smart Alert кој е нотификациски систем кој реагира откако ќе се дигне телефонот и Popup Video опции за прикажување на смалено видео било каде на екранот.

Цената на телефонот не е објавена сè уште, но би требало да биде меѓу поевтините Jelly Bean уреди, и најверојатно ќе го видиме и во Македонија, со оглед на тоа дека скоро сите популарни Samsung телефони се достапни кај сите оператори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments