Apple најави дека веќе нема да дозволи промена на сликите од апликациите на iTunes, туку ќе бидат „заклучени“ откако ќе бидат одобрени aпликациите. Во изминативе месеци се забележа објавување на лажни апликации кои праќаат едни слики за одобрување, за потоа да ги сменат тие слики на iTunes со други од популарни апликации за да ги измамат корисниците. Сега промената на сликите ќе биде можна само ако се направи надградба на играта.
Пример за ваква апликација е Mooncraft која на iTunes има закачено слики за да се претстави дека е како популарната Minecraft, но во реалност се работи за комплетно различна игра. Иако Apple реагира и ги трга овие апликации, тоа го прави откако корисниците ќе ја пријават апликацијата, што може да биде доцна.
[youtube]eqZrBGcsV9Y[/youtube]
Ne e iTunes, tuku App Store. IT magazin ste, ne si gi dozvoluvajte ovie greski.