0 коментари 2 мин. читање 10 јануари, 2013

Сите развивачи сега ќе можат да одговараат на коментари на Google Play

Развивачите треба почесто и повеќе да комуницираат со корисниците на нивните Android апликлации, препорачува Google. Гигантот сега ќе овозможи развивачите да одговараат на коментарите на Google Play, со цел да овозможи директна комуникација помеѓу „потрошувачите и производителите“, а со тоа на Google Play ќе се најдат и поквалитетни апликации.

Опцијата беше најавена од јуни 2012 и достапна само за креаторите на најпопуларните апликации. Но, сеге таа е достапна за сите девелопери, јавува Droid Life.


Со ова дел од од корисниците на кој ќе им се допаднат одговорите и ажурноста на развивачите да одговараат на прашањата, несомнено ќе ја зголемат својата оценка за апликацијата. Од друга страна девелоперите ќе можат да им одговараат директно на критичарите со што ќе можат да објаснат дел од проблемите.

Колку и да е добра идејата на Google, реализацијата зависи исклучиво од дизајнерите на апликации. Доколку корисниците добијат впечаток дека нивните коментар никој не ги слуша и не одговара на прашањата, ниту реакциите нема да бидат добри.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top