Samsung ги лажира бенчмарк тестовите за Samsung Galaxy Note 3

во Хардвер

Samsung e фатен дека мами кога се во прашање резултатите од бенчмарк тестовите, пишува Ars Technica. Во резултаите од бенчмарк тестовите се гледа дека Snapdragon 800 процесорот инсталиран во Galaxy Note 3 покажува значително подобри резултати на бенчмарк тестовите од истиот процесор во LG G2 телефонот. Tестовите на ист процесор покажуваат 20 отсто подобри резултати од реалните. Причината за ова разлика е што Samsung го има сетирано процесорот да влезе во „high-speed” мод кога ќе препознае дека е стартувана некоја популарна бенчмарк апликација.

Доколку се вклучат поголем број на апликации кои го оптоваруваат телефонот, фреквенцијата на процесорот се покачува на 2.3 GHz што е и највисокоата работна фреквенција, но бенчмарк резултатите се далеку подобри од ова. Samsung бустањето на процесорот за бенчмарк апликациите го објаснува со тоа што истото функционира за повеќе апликаци, а не само за бенчмарк тестовите. Меѓутоа овојпат Ars Technica го сподели кодот на фајлот кој го активира бустот, на истиот се гледа дека листата на апликации за кои се вклучува зголемената брзина на процесорот е составена исклучиво од бенчмарк тестови.

„Фајлот кој го најдовме е DVFSHelper.java и ја содржи листата на секој пакет кој е зафатен од специјалното бустање на процесорот. Според овој фајл, функцијата се користи исклучиво за бенчмарк тестови и ги опфаќа сите популарни: Geekbench, Quadrant, Antutu, Linpack, GFXBench и дури некои од тестовите на Samsung.“

Иронично, вели Ars Technica, и без бустањето на процесорот Note 3 има подобри резултати од конкурентите со исти процесори, пример од LG G2. Но, се чини дека Samsung сакал да се осигура дека нивните телефони ќе бидат секогаш први на тестовите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk