1 коментар 2 мин. читање 2 октомври, 2013

Филмот за World of Warcraft ќе биде објавен во декември 2015-та

По купот гласини што траеја скоро една година за различни режисери, сценаристи и студија кои требаше да го направат филмот за World of Warcraft, Blizzard конечно го објави датумот за филмот – декември 18-ти 2015-та година. Во моментов нема никакви детали за сценариото, иако секој фан на култната мултиплеер игра ќе очекува централната приказна да се врти околу Трал, иако со растот и падот на Гарош во последната експанзија на играта, не би било изненадување да го видиме и него во приказната заедно со Волџин.

Но, иако би било кул да се гледа филм за World of Warcraft, сепак филмот доаѓа малку касно бидејќи играта која до тогаш ќе наполни 10 години, полека ги губи играчите. Од врните посети од 12 те милиони активни играчи, бројката е падната на 7 милиони. Играчите се почесто играат Dota 2 и League of Legends, две игри кои ги надмашија арените на WoW како е-спорт. Можеби филмот ќе биде добар крај на приказната на Warcraft, и ќе им дозволи на Blizzard да се префрлат на таинствениот и долго-најавуван Project Titan.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
RagnaR
RagnaR
12 years ago

Finally!

Мени
Заедница
Изглед
To top