Им нема крај на судските битки помеѓу двата најголеми ривали на пазарот за компјутерски таблет компјутери, Samsung и Apple. Имено, Apple го зададе новиот удар кон Samsung за веќе повеќегодишната битка за патентите и се избори за забрана за продажба на Samsung Galaxy Tab 10.1 во САД со тврдење дека Samsung го повредил нивниот патентиран дизајн и го копирал изгледот на iPad.
„Иако Samsung има право да конкурира, тој нема право да конкурира на нечесен начин – освојување на пазарот со производи кои ги нарушуваат патентите на други компании,“, изјави судијата Лејси Кох и ја забрани продажбата на Samsung Galaxy Tab 10.1 во САД сѐ додека не се одлучи поинаку во спорот со Apple.
Samsung за BBC истакна дека ќе ги преземе сите правни мери и дека судското решение најверојатно ќе има значаен удел во нивното раководење.
Со оваа одлука на судот, Apple запиша уште една победа на своја страна, по судската пресуда против Apple во судот во Хаг.








Другачие? Уште не се свестивте да користите spellchecker пред објавување.